• Горан Упале

Марко Силва, тренерот на Фулам, со одбрани зборови зборуваше за Александар Митровиќ, откако Србинот, со својот петти гол сезонава, беше најзаслужниот за триумфот на неговиот тим од 2-1 против Брајтон во петтото коло од Премиер лигата.
Интересно е што српскиот центарфор досега постигна повеќе голови во сезоната од целиот тим на Манчестер Јунајтед.
„Неверојатно. Митровиќ беше неверојатен. Тоа му го кажав по натпреварот. Чувството што го има во шеснаесетникот е нешто без преседан. Ако играте со него, тој сигурно ќе постигне гол во одреден момент. Не се сомневам во тоа“, изјави португалскиот стручњак.
По пет кола Фулам има две победи, две нерешени и еден пораз и моментално се наоѓа на шестото место во Премиер лигата со осум бода.