• Саше Љолес
Македонската фудбалска репрезентација во март следната година ќе се соочи со Данска во полуфиналниот бараж за Светското првенство, но нашите „рисови“ во меѓувреме ќе одиграат и еден пријателски натпревар.
Засега е познато дека тимот ќе има барем една „контролка“, а ривалот ќе се бира помеѓу селекциите на Тунис и Мексико. Федерацијата веќе добила неколку конкретни понуди за пријателски мечеви, но изборот ќе биде познат во следниот период.
Се шпекулира дека најсериозен „кандидат“ во моментов е селекцијата на Тунис, од каде предложиле натпреварот да се одигра во Скопје, или, пак, на неутрален терен.
Во секој случај, македонската репрезентација ќе има можност да одигра еден меч против исклучително квалитетен ривал, кој веќе го има обезбедено своето учество на планетарниот собир во САД, Канада и Мексико.












