ВИДЕО: Силна емоција и плач на Касиљас кога Соарес му посвети гол во Куп-финалето

Икер Касиљас

Шпанскиот голман Икер Касиљас поминува низ пеколни неколку недели. Најпрво тој доживеа срцев удар на тренингот на Порто, а потоа неговата сопруга откри дека боледува од рак на јајниците.

Вчера неговиот тим загуби во финалето од Купот на Португалија од Спортинг и тоа по изведувањето на пенали.

Шпанецот беше на трибините и започна да плаче кога неговиот соиграч Франциско Соарес му го посвети погодокот за 0-1 во 40. минута.

Тој го зеде неговиот дрес на теренот и го подигна високо што предизвика силна емоција кај чуварот на мрежата.