Силјановски стрелец за Фљамуртари

Македонскиот интернационалец Горан Силјановски успеа да се запише во листата на стрелците на својот клуб Фљамуртари во Албанија.

Фљамуртари на гостински терен загуби со 2-4 (0-2) од екипата на Лачи, а Силјановски го постигна првиот погодок за гостите, за намалување на 1-3. На овој меч настапија и Усеини и Положани кои се најдоа во стартниот состав.

Албанскиот прволигаш во кој настапуваат многу играчи од ПМФЛ се наоѓа на четвртото место на табелата и е во игра за едно од местата кои водат во Европа.