Силјановски: Нема лесни ривали, нè очекува тежок меч во Скопје

Фудбалскиот клуб Брегалница утре ќе гостува на екипата на Скопје, во последниот дуел од осмата рунда на Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ). Штипјани треба да го надминат поразот од Победа, а веќе против Слога Виница најавија дека се на добар пат. 

Пред дуелот со „пиратите“, своите очекувања ги изнесе искусниот Горан Силјановски, кој рече: 

„По поразот од Победа, се вративме со убедлива победа против Слога во Купот на Македонија. Средбите со Победа и Слога се веќе минато, но мора да нагласиме дека извлековме поука од Прилеп затоа што е јасно дека во лигата нема лесни и тешки противници. Знаеме дека нè чека тежок натпревар и во Скопје и мора да бидеме максимално фокусирани со 100% на терен. Во секој случај, од сите досегашни натпревари на стартот од сезоната, од нашите изданија и одност, сигурен сум дека сме на вистинскиот пат, верувајќи дека посветено можеме да дојдеме до зацртаните цели за оваа година“.

Со шес одиграни натпревари Брегалница котира одлично бидејќи е на петтото место со бод помалку од Шкупи и Шкендија. Со евентуална победа над „фенерџијата“ Скопје, штипјани би се искачиле на третото место.