Сиљановски: Не заслуживме пораз од Брера, се надевам ќе ни се врати во Ѓорче

По поразот на гостувањето против АП Брера, екипата на Арсими максимално се фокусира на следниот првенствен предизвик. Стручниот штаб и фудбалерите внимателно ја анализираа претходната средба, а сега фокусот е насочен кон денешниот натпревар  против Македонија Ѓорче Петров, дуел од големо значење во трката за опстанок во елитното друштво.

Атмосферата во екипата е на високо ниво,  а целта е јасна, брза реакција и освојување на цел плен вели  голманот на гостиварци  Дејан Сиљановски и додава:

“По поразот на гостувањето против Брера, кој според мене беше незаслужен, нашата екипа направи анализа и е максимално фокусирана на следниот предизвик. Ги анализиравме грешките и решени сме да реагираме на најдобар можен начин. Сега целиот наш фокус е насочен кон натпреварот во четврток против Македонија Ѓорче Петров. Знаеме дека нe очекува тежок дуел, но сме подготвени и мотивирани. Нашата единствена цел е победата. Ќе дадеме максимум на теренот за да ги освоиме трите бода и да се вратиме на победничкиот пат”.

Натпреварот Македонија Ѓ.П -Арсими ќе се одигра денес   на стадионот во Ѓорче Петров со почеток во 15:30 часот.