• Иван Димовски

Фудбалскиот натпревар меѓу НЕЦ Нијмеген и Хееренвен заврши со гостинско славје од 2-3, по голема битка на теренот во холандската Ередивизие.
Сепак, овој меч го одбележа еден момент кој го обиколи светот, а во центарот на вниманието беше Јаспер Силесен. Екс голманот на Барселона и репрезенативец на Холандија направи невидена глупост, со која во 97. минута ѝ подари победа на гостинската екипа. По еден удар на Коласин, Силесен мислеше дека топката оди крај голот и сигнализира дека ја пушта да излезе. Меѓутоа, погрешно процени и топката од стативата заврши во мрежата за победоносен погодок.
Blunder van het seizoen van Jasper Cillessen? #nechee pic.twitter.com/k1xfo36yjy
— ESPN NL (@ESPNnl) May 6, 2023
По таквиот кикс, Силесен револтирано со глава удри во стативата и застана во неверица. Соиграчите веднаш пријдоа и го утешија разочараниот голман, а бодовите заминаа во Хееренвен.