Силекс во контролен дуел со „петка“ ја почести Саса

Екипата на Силекс од Кратово продолжи со контролните натпревари и забележа убедлив триумф над Саса (0-5) од Македонска Каменица.

Дуелот се играше на гостински терен, но и покрај тоа кратовчани немаа проблеми да демонстрираат моќ со ривалот. Двоен стрелец за Силекс беше Ричков, а по еднаш реализираа Петровиќ, Масевски и Коцев.

Силекс досега одигра тест-средби со Трајал (1-1) и Кожуф (1-0), а следниот дуел е закажан во среда против Работнички во Скопје.