• Иван Димовски

Екипата на Силекс ја отвора својата европска авантура во новата сезона со гостување против белорускиот претставник Динамо Минск во првиот натпревар од првото квалификациско коло во Конференциската лига. Иако формално домаќин е Динамо, натпреварот ќе се одигра во Стара Загора, Бугарија, поради добро познатите ограничувања за белоруските клубови. Реваншот е закажан седум дена подоцна во Скопје, каде кратовци ќе се обидат пред своите навивачи да го заверуваат евентуалниот пласман понатаму.
Освојувачот на Купот на Македонија во новата сезона влегува со значително изменет ростер. По заминувањето на повеќе фудбалери, управата реагираше брзо на трансфер пазарот и веќе ангажираше шест нови имиња кои треба да донесат свежина и поголема конкуренција во тимот. Нови членови на Силекс се бекот Пановски, како и Нихад Шеро, Есмир Хасукиќ, Марио Ричков, Никола Манојлов и Дарко Илиевски.
Сите квоти во MOZZART за натпреварот Динамо Минск - Силекс
За тренерот на кратовци, Александар Васоски, главен предизвик ќе биде што побрзо да го вклопи новиот состав, бидејќи европските натпревари доаѓаат уште на самиот почеток од подготовките. Сепак, во клубот владее оптимизам дека новите засилувања ќе го подигнат квалитетот и ќе му помогнат на тимот да биде конкурентен против искусниот белоруски претставник.
Динамо Минск традиционално е еден од најсилните клубови во Белорусија и има далеку поголемо европско искуство, но Силекс верува дека може да остане во игра пред реваншот во Скопје. Добар резултат во Стара Загора би бил идеална основа македонскиот претставник пред својата публика да се избори за место во второто квалификациско коло на Конференциската лига.








