Силекс веќе се екипира: Победникот на Купот доведе три нови имиња

Победникот на Купот и еден од трите македонски претставници во Конференциската лига на УЕФА, Силекс од Кратово започна со реконструкција на тимот.

Откако пред неколку дена Горазд Михајлов беше потврден за тренер, а Стевица Ристиќ за спортскии директор, клубот денес ангажираше три засилувања во името на Стојан Стојчевски, Дарко Алексовски и Мартин Димовски.

Клубот најави дека наскоро ќе ги објави и следните нови имиња и целосно ќе го реновира тимот за следната сезона.

Новата сезона во ВМФЛ-Запад предвидена е за средината на август.