Силекс веќе го промовира првото засилување, потпиша со Португалец!

Тукушто заврши сезоната во Првата македонска фудбалска лига, а екипата на Силекс веќе почна да го креира тимот за следната. Вицепрвакот кој беше во трка за титулата со Шкендија се пофали со првиот потпис и тоа на Португалец. 

Во редовите на клубот од Кратово доаѓа Мигел Пиреш. Станува збор за 28-годишен фудбалер кој настапува во средниот ред, има офанзивни карактеристики и може да покрие повеќе позиции. Пиреш доаѓа во мак-фудбалот по четири години во кои настапуваше на Кипар

Последен клуб на Португалецот му беше Дигенис Акритас Морфу каде што ги мина претходните шест месеци, а првата полусезона беше дел од Докса Катокопиас.

Претходно Пиреш настапуваше за Агиа Напа, Ахиронас и Онисилос Сотира во кипарскиот фудбал, во родната Португалија беше дел од Алмада, Кова Пиедаде, Мотихо и Пињалновенсе, додека имаше и авантура во литвански Стумбрас.