• Горан Упале

Македонскиот прволигаш Силекс претстави уште едно ново име во својот ростар. Кратовчани во пролетниот дел од сезоната во ПМФЛ ќе бидат посилни за услугите на Александар Катаниќ.
Станува збор за 27-годишен напаѓач, кој во својата кариера има собрано искуство во неколку клубови. Негов последен пред да пристигне во Кратово е Младост ГАТ, а уште има настапувано за Бачка, Старо Бановци, Лозница, Телеоптик, Бежанија и Металац, како и за Хонка од Финска.
Силекс денес се упати за Анталија, каде ќе ја темпира формата за пролетниот дел од сезоната. Во Турција, македонскиот тим веќе има закажано пет контролни средби.
Во зимскиот трансфер период во Силекс пристигнаа седум нови фудбалери. Покрај Катаниќ тука се Томислав Турчин, Стефан Милосављевиќ, Хамза Рамани, Марко Ѓорѓиевски, Халил Мухаремовиќ и Никола Ристески.