Силекс со минималец против Рапид ги комплетира подготовките во Турција

Силекс го одигра последниот натпревар на подготовките во Анталија и победи со 1-0 против Рапид Виена.

Стрелец на единствениот погодок за кратовчани беше Ѓорѓи Танушев. Македонскиот второлигаш одигра солидно прво полувреме во кое круниса една акција за да се избори за минималец на оваа средба.

Претходно кратовчани загубија од украински Мариупол (0-2), минимално од српски Металац (0-1), како и од Торпедо Москва (1-4).

Силекс им се враќа на домашните предизвици со натпревар на домашен терен против Гостивар на 19 февруари.