Силекс се жали на судењето против Вардар, ФФМ со одговор!

Екипата на Вардар со минимални 1-0 славеше над Силекс и се пласираше во полуфиналето од Купот на Македонија, а средбата на Националната Арена крена многу прашина. Кратовчани веднаш по последниот судиски свиреж на социјалните мрежи напишаа – „Најскандалозната судиска тројка во историјата на македонскиот фудбал“, алудирајќи на делењето на правдата на овој натпревар.

Од таборот на Силекс реагираа дека во повеќе наврати се оштетени против Вардар, а за нерегуларен го сметаат и единствениот погодок на вардарци. По реакцијата на некогашниот шампион и актуелен есенски првак, се огласи и Фудбалската федерација на Македонија која реагираше соодветно и го осуди токму Силекс за клуб во кој последниот период бил единствен кој преку разни „канали“ барал делегирање на посакувани судии за своите натпревари.

Исто така, свој став изнесе и Судиската комисија, која спортски призна дека судиската тројка на натпреварот направила погрешна проценка при постигнувањето на голот на Вардар за победа.

Комплетното соопштение на ФФМ може да го прочитате на овој ЛИНК.