Силекс се засили со босанскиот напаѓач Ади Алиќ

Македонскиот фудбалски прволигаш, Силекс, официјално се засили со босанскиот интернационалец, Ади Алиќ, кој пристигнува од редовите на кипарскиот Ахиронас-Онисилос. 

22-годишниот напаѓач се очекува да биде солидно засилување за ростерот на Александар Васоски и да ја збогати ротацијата во офанзивниот дел од теренот. Претходно во кариерата го носеше дресот на Слобода Тузла и Слобода Нови Град. Мината сезона во дресот на кипарскиот клуб постигна седум гола на исто толку натпревари. 

Силекс ги започна подготовките за новата сезона и веќе одигра неколку пријателски натпревари против Пелистер, Башкими, Кожув и Радник од Србија. Кратовчани досега забележаа две победи и две нерешени средби.