Силекс се поднови со Жеравица, продолжи и со Благоевиќ

Екипата на Силекс го гради тимот за наредната сезона и донесе ново име во своите редови.

Нов член на кратовчани е 30-годишниот Милош Жеравица. Тој доаѓа како слободен играч, настапува на позицијата играч за врска, а во кариерата има настапувано за Борац Бања Лука, исландски Гриндавик, потоа Слобода Ужице, Напредак, ОФК Белград...

Покрај што го ангажираа Жеравица, од таборот на Силекс продолжија и договор со Дејан Благојевиќ, кој во тимот ќе остане и наредната сезона.

Силекс претходната година сезоната ја заврши на осмото место во ПМФЛ, но успеа да го зачува прволигашкиот статус преку баражот каде беше поуспешен од Тиквеш.