• Иван Димовски

Фудбалерите на Силекс дојдоа до единаесетта победа во ПМФЛ, откако се радуваа на гостувањето кај Победа со 1-5 (0-2). Натпреварот од 24. коло кој се одигра на „Градскиот стадион“ во Прилеп понуди два гола во првиот дел, а пролетниот хит од Кратово одигра убедливо во продолжението.
Само шест минути беа потребни за кратовчани да поведат. По еден корнер и лоша реакција на дефанзивата, Хамза Рамани стрелаше по нафрлување за 0-1. Силекс играше смирено, ја бранеше стекнатата предност и не ризикуваше. Вториот погодок во прилепската мрежа падна на крајот на полувремето кога Виктор Серафимовски со доза на среќа погоди од 17-18 метри. Играчот на Силекс биеше, топката се одби од блокот и го измами голманот Тофилоски за 0-2.
Надежта на Победа се врати на самиот старт на полувремето, бидејќи по две минути игра Ване Јованов намали на 1-2. До стрелецот пристигна хируршки прецизна долга топка низ одбраната, па Јованов ја смести во мрежата. Иако моментумот беше на страната на Победа, шансите пред гостинскиот гол се редеа и кратовчани беа на искушение, сепак немаше резултатска промена. Во 75. минута Манасиевски го спушти притисокот, откако остана осамен на втората статива и стрелаше за 1-3. Самиот финиш на натпреварот понуди уште два погодоци, а стрелец беше младиот напаѓач Марко Ѓорѓиевски. Поранешниот младински репрезентативец на Македонија реализираше во 90. и 92. минута за конечните 1-5.
Силекс има 38 бода и барем до утре ќе биде израмнет со Шкендија на третото место, додека Победа е закована за дното со 13 бода и гледа кон второлигашката конкуренција.