Силекс против Вардар во ВМФЛ-Запад, што нè чека на Истокот?

Со крајот на баражите, се спушти и завесата на мак-фудбалот во прволигашката и второлигашката конкуренција и веќе се наѕираат лигите кои ќе бидат во ВМФЛ-Исток и ВМФЛ-Запад следната сезона.

По поразот од Тиквеш, актуелниот Куп-освојувач Силекс според правилникот на ФФМ ќе игра во ВМФЛ-Запад. Таму ќе се најде и Охрид кој не успеа да скокне Ренова, исто така и Вардар, кој испадна како единаесетти од ПМФЛ, па ќе гледаме старо дерби на второлигашките терени.

Покрај Силекс, Вардар и Охрид, во ВМФЛ-Запад ќе играат уште Велешта, Гостивар, Кораб, Кадино, Тетекс, а ќе има и бараж натпревари од третолигашите меѓу Воска Спорт, Фортуна и Беса, за да се пополнат две места на Дрита и Вардар Форино.

Во ВМФЛ-Исток ќе ги гледаме Беласица, Детонит, Локомотива Градско, Кит-Го, Слога Виница, Кожуф, Каменица Саса, Осогово, Победа. Останува уште едно слободно место, тоа ќе може да се пополни преку бараж на Братсво Житоше и Турново. Доколку овој меч не се игра, тогаш ќе опстане Плачковица.

  • ИЗГЛЕДОТ НА ВМФЛ СЛЕДНАТА СЕЗОНА:

ВМФЛ-Запад: Вардар, Силекс, ГФК Охрид, Велешта, Гостивар, Кораб, Кадино, Тетекс + две места од бараж

ВМФЛ-Исток: Беласица, Детонит, Локомотива (Г), Кит-Го Пехчево, Слога Виница, Кожуф, Саса, ГФК Осогово, Победа + победник од бараж или Плачковица

Во ПМФЛ, пак, ќе играат Шкендија, Шкупи, Струга Трим Љум, Македонија ЃП, Работнички, Пелистер, Борец, Академија Пандев, Ренова, Тиквеш, Брегалница и Скопје.