• Мартин Танасковски
Македонскиот претставник Силекс ќе се соочи со белорускиот шамион Динамо Минск во првото квалификациско коло од Конференциската лига на УЕФА.
Првиот натпревар е закажан за 9 јули, а формално домаќин ќе биде Динамо Минск. Сепак, средбата нема да се игра во Белорусија, туку во Бугарија. Реваншот меѓу двата тима ќе се одигра на 16 јули, локацијата ќе биде Стара Загора.
Белоруските клубови и репрезентации од март 2022 година немаат право да ги играат домашните натпревари под капата на УЕФА на своја територија.
Според одлуката на европската куќа на фудбалот, тие можат да бидат домаќини само на неутрален терен и без присуство на публика.
Мерката беше воведена по почетокот на војната во Украина, поради улогата на Белорусија во конфликтот и користењето на нејзината територија од страна на Русија.



