ВИДЕО: Силекс поведе по 15 секунди, дали е ова најбрзиот гол во мак-фудбалот?

Фудбалерите на Силекс запишаа победа на домашната пресметка против Воска Спорт (2-0) и останаа максимални по четири кола на Втората македонска фудбалска лига - Запад. 

Кратовчани поведоа по само 15 секунди игра против охриѓани, по конфузија во одбраната на Воска. Антонио Каланоски излета сам пред противничкиот гол, па лесно реализираше за 1-0 на Силекс.

  • Брзиот погодок на Силекс против Воска: 

Бидејќи погодокот во Кратово падна по 15 секунди на натпреварот, се отвора прашањето: Дали е ова најбрзиот погодок во историјата на мак-фудбалот?

Според досега непотврдени информации, најбрз стрелец во историјата на македонскиот фудбал е Александар Пановски. Сегашниот член на Вардар како член на велешки Борец во 2013 година во рамки на Третата лига - Југ дал гол против Сирково (8-0) по само десет секунди игра. Но, видеоматеријал за потврда од тој меч никогаш не се појави. Брз погодок, по само 12 секунди му е припишан и на Влатко Коцев од Скопје, кој стрелаше на гостувањето кај Пелистер (2-2) во рамките на ВМФЛ. 

Кога се говори за Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), во ланската сезона Мартин Мирчевски во дресот на Вардар погоди по 16 секунди против Беласица. Дилемата за најбрз гол во мак-фудбалот може да ја разрешат само од Фудбалската репрезентација на Македонија (ФФМ), со оглед на неможноста да се најдат сите официјални податоци од стартот на македонските шампионати.