Силекс му посака добредојде на Панта

Кратовски Силекс сериозно се екипира за продолжението на сезоната и потпиша договор со Дарко Мицевски кој доаѓа како позајмен од редовите на Вардар. Трансферот кој претходно го најави Gol.mk, го потврдија од клубот.

Во таборот на кратовчани кои се лидери на зимската пауза во македонскиот шампионат, популаниот „Панта“ ќе соработува со познато лице, тоа е Александар Васоски, со кого претходно беше заедно во редовите на Вардар во 2020 година.

Мицевски е дете на Вардар, а во кариерата играше за Слобода Ужице, Работнички, Тетекс, ОФК Београд, Нови Пазар, Минск, Нејмех и РФС Рига. За „црвено-црните“ забележа преку сто настапи и освои една шампионска титула.

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.