Силекс крои тим за в година, нови договори за Глигоров, Бујче, Стојчевски, Гуцев...

Кратовски Силекс не ја заврши сезоната според посакуваното и во последните кола го загуби третото место кое го држеше целата сезона.

Тимот беше на чекор до Европа, но не успеа да остане пред Работнички и Шкупи, па така, за кратовчани предизвик в година ќе бидат ПМФЛ и Купот на Македонија.

Управата на кратовчани веќе размислува и за тимот што ќе игра заедно понатаму. Веќе се подготвуваат договори за неколку првотимци, меѓу кои се и Филип Глигоров, Антонио Бујчевски, Стојан Стојчевски и Благој Гуцев.

Четворицата фудбалери се важен дел од тимот на Жикица Тасевски, па управата се обидува да ги задржи во Силекс и в година. Тие нема да бидат единствените фудбалери што ќе останат во Силекс, туку договор ќе добијат и дел од другите првотимци.

Сите ќе бидат на располагање на Тасевски на летните подготовки. Повреден е само Стојчевски, поради проблем со рамото, но тој ќе биде „фит“ до стартот на истите.