Силекс и Воска Спорт поразени од второлигаши во „генералките“

Екипите на Силекс и Воска Спорт ги одиграа последните натпревари во подготвителниот период и со порази влегуваат во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).

Силекс на домашен терен се соочи со Детонит Плачковица, против која загуби со 1-2. Единствен стрелец за кратовци на овој натпревар беше Ади Алиќ, додека за радовишани погодија Дамјан Масевски и Лука Трајкоски.

Пораз доживеа и Воска Спорт во контролниот меч со ГФК Охрид (0-1). Единствениот гол на мечот го постигна Ерен Парталко.

Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) продолжува следниот викенд.