• Саше Љолес
Хитот во првиот дел од сезоната во Првата македонска лига, екипата на Силекс, официјално ги започна подготовките за пролетната кампања, каде целта ќе биде битката за шампионската титула и одржување на чекорот со водечките конкуренти.
Избраниците на тренерот Александар Васоски ја завршија есенската полусезона како лидери на табелата (со ист број бодови како Шкендија и Работнички), па затоа е сосема логично да се очекува борба за тронот до самиот крај на првенството.
Силекс се прикажа во одлично светло на изминатите 18 натпревари, на моменти импресионираше со својата ефикасност, а добрата атмосфера и квалитетниот ростер треба да бидат добра основа за успешни резултати во остатокот од сезоната.
Кратовскиот прволигаш ќе одигра четири контролни натпревари против Нефтчи Фаргона, Ружомберок, Воитсберг и Железничар, а прв предизвик во ПМФЛ ќе биде натпреварот со Тиквеш, кој е закажан за 16 февруари.