Силекс го засили средниот ред со Томче Гроздановски

Екипата на Силекс ги заврши административните работи и го потврди Томче Гроздановски како ново засилување за периодот кој следи во Првата македонска фудбалска лига.

24-годишниот фудбалер последно настапуваше за Работнички, но се раздели со дебармаалци непосредно по стартот на сезоната. Веднаш пронајде нов клуб, потпиша со Силекс и се очекува да биде важна алка во тимот на Александар Васоски.

Покрај за Работнички, Гроздановски во кариерата играше и за Металург и Кожуф, додека во странство беше дел од словачки Вион и хрватски Дугопоље.