Силекс го донесе десниот бек Рајков од Кит-Го

Екипата на Силекс се екипира за настапот во ВМФЛ-Запад и во своите редови донесе ново име.

Нов член на кратовчани е 22-годишниот десен бек Бојан Рајков. Младиот играч доаѓа од Кит-Го од Пехчево, а во кариерата играше и за Брегалница.

Силекс претходно донесе нов тренер, се договори со Горазд Михајлов, а ги потпиша Лазар Пеев, Стојан Стојчевски, Дарко Алексовски и Мартин Димовски. Во екипата продолжува и голманот Даниел Божиновски.