ВИДЕО: Силекс два месеци без победа, Арсими по комичен автогол до бод

Екипата на Силекс не успеа да победи и шесто коло по ред, откако одигра реми (1-1) со Арсими во рамки на деветтото коло од Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ). Избраниците на Александар Васоски последен пат триумфираа во месец август против Скопје, а оттогаш нанижаа три порази и три нерешени. Ова е голем удар за кратовци, пред влезот во вториот круг натпревари во ПМФЛ.

  • Извештај од натпреварот:

Натпреварот го почна поконкретно Силекс, кој играше на половината на противникот. Имаше зицер Хасукиќ во 18. минута, но не успеа да го совлада Силјановски кој изби со ногата во корнер. Потоа во 28. минута, Донов ја погоди стативата, а во 33. минута можност за гол имаше и Талаков, но биеше крај стативата. Првото полувреме на натпреварот во Гостивар го одбележа и тешката повреда на колумбискиот центарфор Контрерас од Арсими, кој падна незгодно на ногата во една акција и беше пренесен во болница со амбулантно возило.

На самиот старт на вториот дел, Силекс дојде до предност. Џемаили во обид да расчисти си постигна комичен автогол за предност на кратовци. Сепак, радоста траеше кратко, затоа што Ебрима Гаје, кој влезе на местото на повредениот Контрерас, израмни на 1-1. Во продолжението од средбата и двата тима имаа шанси, но одлични меѓу стативите беа голманите Силјановски и Џеков. Поактивен беше Силјановски, кој е главниот виновник зошто Силекс не си замина со три бода од гостувањето кај неговиот клуб Арсими. Домашните имаа и уште една добра прилика за гол, кога Рамадани шутираше од далечина, но топката заврши во горниот дел од пречката од голот на Џеков, слично беше и со Силекс во 90. минута, кога Шеро му ја препушти топката на Мишов, но тој биеше лошо.

Прва фудбалска лига 2026/27
Деветто коло

Арсими - Силекс 1-1 (0-0)
Стадион во Гостивар
Гледачи: 150
Главен судија: Бенџамин Ќерими
Асистенти: Гоце Петрески и Филип Ицковски
Стрелци: 47м. Џемаили (АГ) (Силекс), 53м. Гаје (Арсими)
Жолти картони: Гони, Јусуфи, Дардишта, Олаосебикјан (Арсими), Донов, Шуберт (Силекс)
Црвени картони: нема

Арсими:
Силјановски, Џемаили, Зука, Гони, Каба (од 75м. Рибаудо), Јусуфи, Дардишта (од 58м. Рамадани), Алити, Олаосебикјан (од 75м. Дошев), Контерас (од 17м. Гаје), Иљази

Силекс:
Љ. Џеков, Анѓелески, Тимовски (од 66м. Богдановски), Шеро, Хасукиќ (од 80м. Мишов), Донов (од 66м. Џеков), Ефтимов, Шуберт, Бутуровиќ, Талаков (од 66м. Делимеѓац), Манојлов

Играч на натпреварот: Дејан Силјановски (Арсими)

Во следното прволигашко коло со кое стартува вториот круг, Арсими ќе му биде домаќин на Тиквеш, додека Силекс кој шест кола е без победа и е во голема криза, ќе се соочи со Башкими.