• Зоран Мишевски

Четвртопласираната екипа по есенскиот дел на Првата фудбалска лига, Силекс од Кратово, доведе уште едно ново име во зимскиот преоден рок.
23-годишниот Михаил Димитриевски е нов фудбалер на Силекс. Во Кратово доаѓа од редовите на Работнички од Скопје. Димитриевски ги покрива крилните позиции во нападот и одбраната од двете страни, во есенската полусезона настапуваше за Работнички.
Во кариерта има настапувано исто така за: Њу Старс, Локомотива, Пехчево и Брегалница. Во ПМФЛ досега настапи на 100 натпревари.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.




