Силекс донесе халф од Бугарија

Екипата на Силекс ги одработува главните подготовки во Анталија, а на располагање тренерот Горан Симов ќе добие хагф од Бугарија.

Ново име меѓу кратовчани е Свилен Штерев. 28-годишниот фудбалер од средниот ред постигна договор со македонскиот тим и ќе му се приклучи на тимот.

Последната сезона Штерев ја мина во Етар, а ги носеше и дресовите на Дунав Русе, Ботев Галабово, Марица Пловдив, Монтана, Обориште, Гигант Соединение, Евроколеџ, Пирин Гоце Делчев и Брестник.

Силекс во новата сезона е далеку од врвот на табелата. Лани кратовчани ја претставуваа Македонија во Европа, но испаднаа од Карабах во ЛШ, а потоа Дрита во ЛЕ.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.