• Саше Љолес
Противник на нашиот вицешампион, Силекс, во првото квалификациско коло од Конференциската лига на УЕФА, ќе биде екипата на Дечиќ од Црна Гора. Кратовчани добија противник по мерка и ќе имаат одлична можност за подалечно патување во натпреварувањето.
Избраниците на тренерот Александар Васоски прикажаа одлични игри во текот на сезоната, постојано беа и во трка за шампионската титула, но не успеаја до крај да ја предизвикаат водечката Шкендија.
Второто место на првенствената табела им донесе излез во Европа, а сега ќе имаат шанса да остават уште подобар печат на сезоната. Натпреварите против се играат на 10 и 17 јули.