Мрежите во Кратово мируваа, Работнички и Силекс си поделија по бод

Во натпревар без многу убавина и нерасположени стрелци Силекс и Работнички одиграа 0-0 во натпревар од 37. коло на ПМФЛ. Директната борба за излез во Европа заврши без победник, па истата ќе се решава во последното коло овој викенд.

Првата закана пристигна во 10. минута и истата ја испрати домашната екипа. Двојниот обид на Силекс преку Бобан Георгиев и Антонио Бујчевски беше неуспешен по одличната интервенција по двата удари на голманот на Работнички. Бујчевски беше најопасниот фудбалер на кратовчани, кој одново се закани во 18. минута, но овојпат биеше над голот. 

Работнички изгледаше бледо и уморно во првиот дел, не направи ниту една посериозна шанса пред домашниот гол и беше послабиот ривал по првите 45 минути. Притисокот ги натера домашните фудбалери да продолжат со напади и во продолжението. Со удар од далечина се обиде и Маркос Де Оливеира Јуниор, но и тоа не донесе промена на почетниот резултат. 

Во последното коло од тековната сезона во ПМФЛ, Работнички ќе го пречека Скопје, а Силекс ќе му гостува на Академија Пандев.

ПМФЛ
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 РеноваРенова 1 1 0 0 4:3 1 3
2 Академија ПандевАкадемија Пандев 1 1 0 0 2:1 1 3
3 ПобедаПобеда 1 1 0 0 1:0 1 3
4 ШкендијаШкендија 1 0 1 0 2:2 0 1
4 ВардарВардар 1 0 1 0 2:2 0 1
6 ШкупиШкупи 1 0 1 0 1:1 0 1
6 СилексСилекс 1 0 1 0 1:1 0 1
8 РаботничкиРаботнички 1 0 0 1 3:4 -1 0
9 Македонија Ѓорче ПетровМакедонија Ѓорче Петров 1 0 0 1 1:2 -1 0
10 БеласицаБеласица 1 0 0 1 0:1 -1 0