Сигурен триумф за Славија и Слован, пораз за новиот клуб на Чурлинов

Екипите на Славија Прага, Слован Братислава и Бодо Глимт забележаа победи во првите мечеви од третото квалификациско коло во Лигата на шампионите. 

Славија Прага славеше со 3-1 (2-0) над Унион Ст. Жилоа од Белгија, додека Бодо Глимт извојува минимална победа на гостувањето кај полската Јагјелонија со 0-1 (0-0), новиот клуб на нашиот Дарко Чурлинов

Слован Братислава, кој минатиот месец ја елиминација Струга Трим Љум. го совлада кипарски АПОЕЛ Никозија со конечни 2-0, а двата гола беа постигнати во второто полувреме. Најпрво автогол си постигна Србинот Радосав Петровиќ, а конечниот резултат го постави Роберт Мак во 93. минута. 

Реванш-дуелите се закажани за 13 август.