ВИДЕО: Сидорф го одведе Камерун на АКН и со луд танц им честита на фудбалерите! 

Фудбалската репрезентација на Камерун со убедливи 3-0 го доби клучниот меч против Комори во квалификациите и обезбеди пласман во Африканскиот Куп на нациите. 

Избраниците на холандската легенда Кларенс Сидорф одиграа извонреден натпревар, и заслужено патуваат на континенталното натпреварување, а по последниот судиски свиреж на славјлето му немаше крај. 

Историскиот момент, Сидорф се реши да го овековечи на социјалните мрежи, откако објави видео на кое тој, неговиот помошник Патрик Клајверт и репрезентативците лудо прославуваат во соблекувалната. Секако, најголемото внимание го привлече токму селекторот, со неговиот необичен танц. 

„Лавовите се вратија. Момците завршија голема работа и фер беше да им ги покажам моите танцувачки вештини“, напиша Холанѓанецот. 

  • Погледнете ја прославата во соблекувалната на Камерун: 

Континенталниот собир се игра во Египет од 21 јуни до 19 јули, а круната ја брани токму Камерун. 

  • Сите учесници на Африканскиот Куп на Нациите 2019: