Швеѓанецот Фламур Џелили е најново засилување за прволигашот Башкими

Новиот македонски прволигаш, Башкими, се пофали со солидно засилување, а тоа е Фламур Џелили, кој ќе ја збогати ротацијата на крилните позиции. 

Се работи за играч со одлична брзина и техника, а зад себе има и меѓународно искуство од настапите за неколку шведски тимови (Калмар, Остерс, Јончепинг, Оскаршамнс и Холбек). 

Од Башкими велат дека Џелили треба да донесе експлозивност во нивните редови и очекуваат одлични партии во дресот на новиот клуб.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.