ВИДЕО: Швеѓанец со српски корени го испровоцира, а Халанд идеално му одговори

Репрезентацијата на Норвешка славеше и на гостувањето кај Шведска (1-2) и со тоа го зазеде врвот во групата 4 во рамките на Б лигата. Ерлинг Халанд со три погодоци ги донесе двете победи за скандинавската селекција. 

На вчерашниот натпревар во Солна, се случи интересна ситуација. Шведскиот репрезентативец со српски корени, Александер Милошевиќ го испровоцира Халанд, му дофрлаше и сакаше да го изнервира. Сепак, тоа предизвика спротивна реакција, бидејќи само една минута подоцна Норвежанецот вторпат ја стресе шведската мрежа. 

  • Провокацијата на Милошевиќ и голот на Халанд:

Халанд даде гол откако му побегна токму на Милошевиќ, а потоа му упати провокативен поглед. По натпреварот норвешкиот напаѓач ја објасни ситуацијата. 

„Милошевиќ ми кажа дека сум к*рва и дека ќе ми ги скрши нозете, а минута подоцна постигнав гол“, кажа Халанд. 

Норвежаните се лидер во групата со две победи, пред Србија и Шведска кои имаат по една.