Шведски судии ќе ја делат правдата на дебито на Македонија на ЕП

Екберг

Македонската репрезентација ќе го отвори Европското првенство со натпревар против Австрија во првото коло од групата Ц.

УЕФА ги одреди арбитрите за овој натпревар. Тие доаѓаат од Шведска, а ќе ги предводи 36-годишниот Андреас Екберг од Малме. 

Помошници ќе му бидат Мехмет Кулум и Стефан Халберг, додека функцијата четврти судија му беше доделена на Сергеј Карасев од Русија.

Андреас Екберг
ЗЕМЈА: Шведска
РОДЕН: 2.1.1985.
ИНТЕРНАЦИОНАЛЕЦ ОД: 2013.
ПРОФЕСИЈА: Полицаец
ПЕНАЛИ ПО НАТПРЕВАР: 0,33
ЖОЛТИ КАРТОНИ ПО НАТПРЕВАР: 2,97
ЦРВЕНИ КАРТОНИ ПО НАТПРЕВАР: 0,2

Натпреварот меѓу Македонија и Австрија се игра в недела со почеток од 18:00 часот.