Екс-репрезентативецот на Македонија, Леонард Жута, го напушти таборот на Валеренга. По две сезони во кои настапуваше во Норвешка, левиот бек се раздели со доскорешната екипа.
Младиот македонски стратег Христијан Цветковски продолжува да „жнее“ трофеи со Хакен. По историскиот успех и премиерниот трофеј во шведскиот шампионат, „жолто-црните“ ја продолжија прекрасната приказна со уште една титула и на доминантен начин по третпат во историјата го освои Купот на Шведска.
Неверојатен гол падна во шведскиот фудбалски шампионат на натпреварот меѓу Хамарби и Хакен по грешка на новиот репрезентативен голман на Швеѓаните, Оливер Довин, кој направи невиден кикс.
Повремениот македонски репрезентативец Ердал Ракип ќе биде во потрага по нова средина оваа зима. Момчето родено во Шведска заминува од матичниот клуб и ќе бара нов ангажман.
Во минатото во неколку наврати сме пишувале за неговите успеси во Шведска, а сега младиот македонски стратег Христијан Цветковски ни соопшти нова, убава вест. 39-годишниот тренер по серијата одлични резултати со У16 и У17 тимовите на Хакен, доби унапредување и во следниот период ќе има тројна улога во шведскиот прволигаш.
Шведскиот шампион Малме се раздели со тренерот Јон Дал Томасон. Данскиот стручњак беше назначен на функцијата пред неполни две години, во јануари 2020 година.
Екипата на Малме, каде што настапува македонскиот репрезентативец Ердал Ракип ги запиша клучните три бода во сезоната, откако со победата над Калмар на гости од 0-1, на коло пред крајот практично ја одбрани титулата во шведскиот шампионат. Официјално тоа може да се случи уште в понеделник, доколку Елфсборг и АИК ремизираат во меѓусебниот натпревар.
Ѓургарден го совлада Калмар на домашен терен. Домаќинот во еден момент водеше со 3-0, но на крај прими два погодоци и стравуваше за бодовите во завршницата.