• Зоран Мишевски
Неочекуваната одлука на косовските фудбалери да го напуштат теренот во Букурешт во последната минута при резултат 0-0 резултираше службени 3-0 за Романија. Ова сериозно се одрази на целиот бараж за Мундијалот 2026, иако квалификациите сѐ уште не се ни започнати. Неколку селекции се директно инволвирани во финалната табела на првопласирани, а најдебелиот крај го извлече Шведска.
Имено, со тие 3-0, Романците ја прескокнаа Шведска на листата на најдобри носители на групите во Лигата на нации. Само четири победници од групите во Лигата на нации ќе се пласираат во баражот, а доколку не освојат едно од првите две места во квалификациите.
Токму Швеѓаните би можеле да отпаднат од списокот на репрезентации во баражот затоа што Романците „дадоа“ три гола на зелена маса против Косово, по одлуката на УЕФА. Како што пренесува шведската национална телевеизија Швеѓаните ќе се жалат на ваквата одлука со надеж дека УЕФА ќе ја поништи одлуката и со тоа ќе им донесе ситуација да се најдобри меѓу победниците во Лига Ц.
Косоварите го напуштија теренот откако публиката скандираше „Србија, Србија“, а тоа предизвика вистински скандал во европскиот фудбал. УЕФА одлучи да го регистрира натпреварот во корист на Романија, според правилата за неоправдано напуштање и недоигрување на натпреварот.