ВИДЕО: Косово загуби од Шведска во последниот тест пред мартовскиот дуел во Скопје

Фудбалерите на Шведска триумфираа во пријателската средба против Косово минимално со 1-0 на „Ал Ахли Стадион“ во Доха. Овие две селекции ги искористија минималните паузи во дел од фудбалските лиги и одиграа контролен дуел во комбинирани состави.

Најголем дел од првотимците не беа на располагање на тренерите, а натпреварот беше одигран со цел да се испитаат силите пред плеј-офот од Лигата на нациите. Нашиот противник од полуфиналето во Лигата на нациите одлично му парираше на тешкиот противник, но по многуте измени примија гол со кој загубија. 

За разлика од косовскиот селектор кој го замени речиси целиот прв состав, селекторот Андерсон направи само четири измени и Хелмунд во 75. минута донесе победа за Шведска. 

  • Голот на Хедлунд за победа на Шведска против Косово: 

Овој дуел беше последен тест за Косово пред дуелот на „Тодор Проески“ од плеј-офот во Лигата на нациите против Македонија