Швајни: Нема да играм на ЕУРО, само ако првенството започне во март!

Швајнштајгер во дрес на германската фудбалска репрезентација

Капитенот на фудбалската репрезентација на Германија, Бастиан Швајнштајгер изјави дека повредата нема да го спречи да настапи на Европското првенство во Франција. Играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед поради повреда на коленото е надвор од терените уште од почетокот на јануари, но се очекува неговото враќање на тренинзите да биде за околу десеттина дена.

„Нема да играм во Франција, само ако првенството започне во март. На лигаментите на моето колено им треба подолг период за заздравување. За десет дена би можел да се вратам на тренинзите“. 

Швајнштајгер поради честите повреди, за својата репрезентација одигра само шест натпревари, откако Германија го освои Мундијалот во Бразил.