Швајцарскиот селектор: Против Колумбија сè се одвиваше според планот

Швајцарија по подобро изведување пенали ја елиминира Колумбија и обезбеди место во четвртфиналето на Светското првенство, а селекторот Мурат Јакин беше задоволен што неговиот план целосно се реализирал.

Швајцарците по 120 минути без голови славеа со 4-3 во пенал серијата, а Јакин истакна дека натпреварот се одвивал токму онака како што неговиот стручен штаб го замислил.

„Мислам дека не сакате да го слушнете мојот план за натпреварот, но сè се одвиваше точно онака како што посакувавме. На крајот тоа е најважно. На почетокот ни беше потребно искуство и вистински менталитет. Потоа направивме измена која ни донесе поголема контрола, особено во поседот на топката. Како што одминуваше натпреварот, успеавме да ги внесеме играчите што ги планиравме за пенал серијата. Секогаш имате план, а кога ќе успее, задоволството е уште поголемо. Секако, денес имавме и малку среќа, а и тоа е дел од фудбалот“, додаде Јакин.

Во четвртфиналето Швајцарија ќе ги одмери силите со Аргентина.

Состави

Мурат Јакин

4-2-3-1

    Nestor Gabriel Lorenzo

    4-3-3