Фудбалскиот клуб Тун е вистинска сензација оваа сезона во швајцарскиот фудбал, откако од новајлија во елитата се издигна до главен кандидат за шампионската титула. Тимот кој минатата година ја освои втората лига, сега доминира во Суперлигата и се наоѓа на чекор до историски успех. Пред почетокот на сезоната, речиси сите прогнози беа дека Тун ќе води тешка битка за опстанок. Наместо тоа, клубот од самиот старт испрати силна порака, отворајќи го првенството со четири победи во низа. Тоа беше само најава за она што следуваше, шокантни резултати и убедлива предност на врвот на табелата, и покрај скромните вложувања во споредба со конкурентите.