• Мартин Танасковски
Фудбалската репрезентација на Швајцарија за време на Европското првенство ќе биде стационирана во Штутгарт, а една туристичка атракција е затворена заради можна шпионажа.
Се работи за телевизиската кула која се наоѓа до стадионот, а секој може да ја посети за сума од 10,5 евра. Кулата е една од главните атракции во близина на стадионот „Газа“, па Швајцарците се плашат некој од ривалите на ЕП 2024 да не ги шпионира.
Баш од таа кула, може да се види се на тренинг-комплексот на кој ќе биде Швајцарија. Шкотите, Германците или Унгарците според Швајцарците можат да испратат луѓе да ги следат тренинзите.
Кулата е висока 217 метри, а за време на ЕП 2024 во функција нема да бидат највисоките спратови.