ВИДЕО: Швајцарија промаши три пенали, Шпанија е првиот полуфиналист на ЕП!

Шпанска

Неизвесниот пенал рулет на „Гаспром Арена“ во Санкт Петербург донесе радост за Шпанија која успеа да ја елиминира Швајцарија (2-4) и го пополни првото полуфинално место на Европското првенство.

  • Извештај од натпреварот:

Почетокот донесе радост за Шпанците, кои уште во осмата минута прославија водечки погодок. По една мешаница топката стигна до Жорди Алба, кој биеше силно и го погоди несреќниот Денис Сакарија, кој сакајќи да исфрли ја погоди сопствената мрежа.

Настаните се одвиваа како што се очекуваше. Тимот на Луис Енрике доминираше со поседот, а тоа им ја скрати можноста за закани на противничките фудбалери. Еден корнер донесе кратко возбудување, но Цезар Аспиликуета шутираше непрецизно со глава. Веќа на пауза шпанската репрезентација направи промена. На местото на Пабло Сарабија влезе Дани Олмо, кој доби задача да ја разигра својата екипа на левата страна.

Прекините беа единствената шанса за Швајцарците. По еден центаршут од корнер, Закарија скокна највисоко меѓу шпанските чувари и биеше со глава. Сепак, неговиот обид заврши веднаш крај стативата на Унаи Симон. Темпото опаѓаше како што одминуваше времето, што им одговараше на репрезентативците на Шпанија.

Опуштеноста кај фаворитот беше очигледна, а тоа го искористи Џрдан Шаќири, кој искористи една грешка на противничката одбрана во 68. минута. Мечот се врати на почеток, што значеше дека завршницата ќе биде исклучително неизвесна. Швајцарија остана со човек помалку во 77. минута, по црвениот картон за Ремо Фројлер. Тоа донесе доминација на „фуријата“ во финишот.

Нововлезениот Жерард Морено имаше прилика за да ѝ донесе ново водство на Шпанија. Меѓутоа од непосредна близина успеа да промаши цел гол и да го остави ривалот во игра. Истиот фудбалер подоцна промаши одново во дуел еден на еден со швајцарскиот голман. Идентична слика донесе и второто продолжение, но не и различен резултат на семафорот, па победникот се одлучуваше со пенал рулетот.

Прв шутираше капитенот Серхио Бускетс и ја погоди стативата, а Марио Гаврановиќ донесе почетна предност за Швајцарија. Следуваше успешна реализација на Олмо и промашување на Шер, па репрезентациите беа израмнети пред почетокот на третата серија. Нов неискористен пенал за Шпанија упати Родри, а Аканџи не го искористи тоа и тој промаши од белата точка. Морено погоди, а Варгас промаши, по што Ојарзабал погоди за голема радост на шпанската репрезентација.

Состави

Мурат Јакин

3-4-3

    Луис Енрике

    4-3-3