• Саше Љолес
Селекторот на швајцарската репрезентација, Мурат Јакин, нема да ја предводи својата селекција на натпреварот против Босна и Херцеговина во второто коло од Светското првенство 2026.
Јакин поради здравствени причини и симптоми на вирусна инфекција е принуден да остане во хотелот на репрезентацијата, па на клупата на Швајцарија ќе го замени неговиот прв асистент.
Швајцарците влегуваат во важниот натпревар по разочарувачкото реми (1-1) против Катар во првото коло, меч на кој пропуштија голем број шанси и примија гол во судиското продолжение.
За Швајцарија ова ќе биде шанса да ја поправи сликата по киксот против Катар, додека Босна и Херцеговина ќе се обиде да направи голем чекор кон осминафиналето со евентуален триумф.
И покрај отсуството на селекторот, во швајцарскиот табор владее оптимизам дека репрезентацијата ќе успее да стигне до првата победа на Mундијалот и ќе ја преземе контролата во една од најизедначените групи на турнирот.






