Швајцарија најголем патник на ЕП, Македонија мина 1.785 километри

Претседателот на Европската фудбалска унија (УЕФА), Александар Чеферин потврди дека нема повеќе да се повтори вакво Европско првенство низ цел континент, со многу патувања, проблеми, дилеми... Со оглед на потпишаните договори во 2013 година не можеше да се измени концептот на турнир низ цела Европа.

Најголем патник на ова првенство е Швајцарија. Избраниците на Петковиќ за време на својот турнир пропатувале 9.970 километри. Швајцарците патуваа од Баку до Рим, па пак до Баку, па заминаа во Букурешт и на крај завршија во Санкт Петербург.

На второ место на листата Данска со поминати 8.231 км, па трети на листата се Полјаците со 7150 минати километри. Најмалку менуваа дестинација Унгарците (563 километри), па Германија (928 километри).

Македонија играше во Букурешт и Амстердам и поминала 1.785 километри.