Швајцарија е крупен залак, но Италија треба да докаже зошто е европски шампион

Од Европското првенство минаа два месеци и ќе видиме дали Италијанците и понатаму ги држи еланот кој ги донесе до етикетата најдобра репрезентација на стариот континент, или се заспани на ловорките по големиот успех. Ова второто, не е реткост:

Сите квоти во MOZZART од натпреварот Швајцарија - Италија

„Азурите“ во првиот меч по освојувањето на Мундијалот во Германија во 2006 година – рака на срце, пријателски – загубија од Хрватска, а слично минаа и Французите по триумфот на последното СП во Русија, односно Германците по освојувањето на СП 2014 во Бразил. Додуша, за избраниците на Роберто Манчини ова ќе биде втор меч по ЕП, но тешко е да се верува дека во четврток ќе пропуштат прилика да го продолжат патот кон Катар против доста лошата Бугарија (поради роковите не го знаеме резултатот од тој натпревар).
Швајцарија е крупен залак, но „црвените крстови“ во продолжението од квалификациите влегуваат со нов селектор, Мурат Јакин.

Сите квоти во MOZZART останатите натпревари од квалификациите за СП

Тој на клупата на националниот тим дојде од второлигашот Шафхаузен, што, мора да признаеме, не е некоја препорака за работата која неговиот претходник Владимир Петковиќ ја работеше со голем успех цели седум години. Но, да не прејудицираме со работите: Јакин не експериментираше, туку ги повика сите најдобри играчи кои ги има швајцарскиот фудбал, но се соочи со бројни откази поради повреди, па против „азурите“ нема да може да играат Џердан Шаќири, Брил Емболо, Марио Гаврановиќ и Кевин Ембабу и тоа е голем хендикеп.

Манчини исто така остана доследен на реченицата „тимот кој победува, не се менува“, а ако Италија во групната фаза на Европското првенство лесно го совлада северениот сосед со 3-0, зошто не би го направила тоа и сега кога ривалот е десеткуван, повторно со 2-3 гола?