Фудбалскиот клуб Базел официјално ја започна новата ера на клупата со именувањето на швајцарската фудбалска легенда Штефан Лихштајнер за нов главен тренер. Поранешниот ас на Јувентус потпиша договор што ќе важи до летото 2029 година, а на функцијата го наследува разрешениот Лудовик Манин.
Македонскиот фудбалски репрезентативец Елмин Растодер продолжува да блеска во дресот на Тун и повторно беше еден од клучните играчи на својот тим во швајцарскиот шампионат.
Македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски повторно е во погон! Левиот бек по долгото отсуство поради повреда им се врати на натпреварите на својот Лугано.
Македонскиот репрезентативец Елмин Растодер го постигна вториот погодок во Супер лигата на Швајцарија оваа сезона во дресот на Тун. Неговата екипа славеше против Винтертур убедливо со 3-0, а напаѓачот го даде третиот гол откако влезе во игра во вториот дел.
Екипата на Базел чекори кон титула во Швајцарија, а еден од главните адути е Џердан Шаќири кој живее втора младост во клубот каде се афирмира во европскиот фудбал пред повеќе од 15 години.