ВИДЕО: „Швабите“ преку фенерџијата станаа лидери во Бундес

Екипата на Штутгарт на домашен терен успеа да го победи Дармштат (3-1) и така барем вечерва ќе биде на врвот во германската Бундеслига по пет одиграни кола.

„Швабите“ одиграа сигурен дуел и не ги разочараа навивачите. Четвртата победа во петте одиграни кола покажува дека Штутгарт оваа сезона се очекува да биде далеку подобар од претходните сезони, кога се бореше за опстанок.

  • Извештај од натпреварот:

Дармштат поведе прв со автоголот на Загаду, а одолеваше до 22. минута кога отпорот го скрши Милот. Десет минути подоцна Гираси беше човекот кој донесе пресврт, а во второто полувреме точка на триумфот стави Гираси со својот втор гол. Штутгарт имаше уште еден погодок, ама ВАР ја скрати радоста.

Штутгарт во следната рунда гостува кај Келн, додека Дармштат ќе ја бара првата победа дома со Вердер Бремен.

Состави

Sebastian Hoeness

4-2-3-1

    Torsten Lieberknecht

    3-5-2