• Саше Љолес
По поразот од 3-0 во финалето на Лига Европа од Астон Вила, тренерот на Фрајбург, Јулиан Шустер, призна дека неговиот тим е разочаран, но порача дека искуството од историскиот настап не треба да се заборави.
Шустер истакна дека натпреварот бил решен во клучни моменти, особено пред паузата, кога Вила искористи корнер и грешка во одбраната за да дојде до предност.
„Навистина немавме среќа. Загубивме финале и тоа боли. Верувавме дека можеме да победиме, но по првиот гол, нештата драстично се сменија. Примивме два гола пред истекот на полувремето, и не можевме да возвратиме со иста мера.
При 2-0 на полувреме се гледа вистинското лице на тимот. Момците се бореа, но не беше доволно“, порача тренерот на Фрајбург.
И покрај поразот, Шустер потенцираше дека Фрајбург треба да биде горд на резултатите оваа сезона и првото европско финале во клупската историја.


